Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за Канал 5 изјавила дека мостот „Беласица“ многу скоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај и ќе биде безбеден.
Во интервју за утринската програма „Здраво Македонија“ кое целосно ќе се емитува во понеделник на утринската програма, Арсовска вели дека според извештаите од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени не е забележана изложеност на каблите за преднапрегање, туку дека тие се скриени со заштитниот слој на бетон.
Од ЕСМ за Канал 5 потврдија дека сите процедури се завршени во делот на отстранување на оштетните цевки за парно кои се под изгорениот мост и се видливо оштетени.
Деканот на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски изјави дека не сака да тврди оти мостот има сериозни оштетување, туку дека се неопходни детални анализи по силниот поќар.
Според Марковски, среќа е што мостот бил бетонски, да бил челичен – ќе паднел.






