Спротиставувањето на советниците на Град Скопје за набавка на 50 еколожки автобуси нема да ја спречи градоначалничката Данела Арсовска која вели дека овие автобуси се потребни на Скопје и се дел од ветувањата дадени предизборието.
Тие ќе бидат точка на дневен ред на сите седници се додека советниците сами не ја изгласаат.
На досегашните седници, кога на дневен ред е набавлката на автобусите, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ гласаат воздржано по предлогот.
Од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не дискутираа за оваа точка, додека од СДСМ потсетија дека постои проект на „Бас рапид“ транзи и потенцираа дека во предлогот нема детали за набаката.
Во меѓувреме, граѓаните пак ги чекаат приватнмите превозници, повторно да се вратат на улиците, откако се јавија на повикот на Град Скопје.
Тие би требаало да стартуваат некаде на почетокот на април.






