Арсовска не се гледа себеси како премиер: Не сум политичар, немам таква амбиција

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во интервју за српскиот весник „Политика“ изјави дека не се гледа себеси на премиерската функција.



„Не сум политичар, немам таква амбиција. На Скопје му треба менаџер. Своето искуство и знаење ќе ги насочам кон тоа да станат видливи политиките засновани на интегритетот и на работата за доброто на сите граѓани“, одговори Арсовска.