Горда сум на тоа што во Македонија има луге со цврсти ставови, и кои се сигурни во својот интегритет, знаеме како да ги исправиме неправдите, порача градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, како нова претседателка на партијата Нова алтернатива. Партијата, најави Арсовска ќе учествува на претстојните избори, а меѓу присутните гости беше генереалниот секретар на СДСМ Зечевиќ. Арсовска кажа дека тие не се во коалиција со СДСМ, и дека сепак има постулати кои партиите треба да ги прифатат доколку сакаат коалиција со Нова алтернатива.

Мегу главните постулати Арсосвка ги спомена ослободувањето на судството и економијата. Нејзин личен став во однос на Преспанскиот договор е дека тој сериозно ја има оштетено Македонија, а во однос на Бугарите во Уставот смета дека склучениот договор и тоа што од нас се бара е навистина асиметрично.
Арсовска потенцираше дека е најнапаѓана личност во Македонија и дека нападите се инспирирани од многу страв.
- Патриотизмот во Македонија со години се злоупотребува од луѓе коишто ниту ја сакаат својата држава, ниту работат за неа. Го злоупотребуваат овој збор со години само за да добијат глас повеќе создавајќи конфликт во државата и немир меѓу граѓаните. Секој од нас заслужува да има опција на гласачкото ливче која ќе му го промени животот на подобро. Затоа, сите ние тука нудиме Нова Алтернатива, нудиме алтернатива со идеи кои се применливи, а ние сите знаеме, имаме волја и храброст истите да ги спроведеме, се пофали меѓу другото, новата претседателка на Нова алтернатива, Данела Арсовска.





