Сметам дека веќе од наредната недела ќе можеме да го пуштиме во употреба, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која соопшти дека ѝ било јавено дека сите испитувања на мостот „Беласица“ сде направени и дека брзо ќе се санира.
Во гостување во тема на денот на Сител телевизија, Арсовска кажа дека на мостот ќе треба да се направи одредена санација која, како што рече, се однесува на козметичко освежување на она кое што е паднато во делот на бетонот, пренесе „Независен“.
Градоначалничката рече дека „во суштина нема ништо кое што влијае на стабилноста, сигурноста и безбедноста и тоа е она кое што е најважно за нас, рече таа.
И за други мостови под надлежност на Град Скопје таа рече дека редовно се одржуваат
„На некои од нив треба да се направи некоја козметичка санација меѓутоа, генерално се безбедни, сигурни за движење“, рече таа.
Пожарот на мостот „Беласица“ избувна ноќта меѓу 11 и 12 мај, а од Противпожарната единица изјавија дека запалена била електрична инсталација и систем за парно греење.







