Арсовска има слаб рејтин и катастрофално го води градот, вели Георгиев

Гордан Георгиев од Форумот за разумни политики во емисијата 24 анализа потенцираше дека Нова Алтернатива рече дека треба да се сплотат сите македонски партии кои се дел од градот Скопје и да направат преврат за да се тргне Арсовска.



Мислам дека катастрофално го води градот. Сега сме жртви на неспособна градоначалничка и е многу конфликтна. Ова е приказна околу нова партија која ќе земе некои гласови и има предисторија. Толку е срозен рејтингот на Арсовска и на кој и да е во новата партија, што и тоа што ќе го откине го заслужува зошто опозицијата ја стави на тоа место – вели Георгиев.