Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска дефинитивно е во „војна“ со ВМРО-ДПМНЕ а уште еден доказ за тоа е што денеска претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, го нарече „Талат Славески“.



Поова, Славески ја прекина седницата.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата ја прашуваа Арсовска како тоа сега во планот за вработување за наредната година планира 120 вработувања, а велеше дека има превработеност и пред неколку дена отпушти 100 лица од претпријатието.

„Немојте да лажате. Секаде каде стигнете јавно истакнувате невреди. Не сме на дебата тука, кога ќе бидеме ќе разговараме. Бега од дебата шпицниот градоначалник, се крие Христијан Мицкоски, имаше можност да се појави на пет дебати, но се крие, се плаши“, рече Арсовска, а Славевски ја прекина седницата со објаснување дека не смее да споменува имиња на лица кои не се присутни на седницата.

По ова, Арсовска од говорницата го нарече „господине Талат Славески“, по што тој ѝ го исклучи микрофонот .