Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски доби казна од 90.000 евра од градоначалничката Данела Арсовска за исфрлањето на ѓубрето пред портите на „Дрисла“ во недела навечер.



За денес во 12 часот енајавена е прес-конференција на која ќе се образложат детали за казната, соопштија од Општината.

Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски во неделата го истурија сметот собран од нивните општини со помош на механизација од други општини пред портите на „Дрисла“, но засега нема информации дали е казнет и Муцунски.

Ѓорѓиевски и Муцунски кажаа дека мора да го истурат ѓубрето пред „Дрисла“ затоа што немаат друга опција.

„Бидејќи немаме друга опција, а чекаме повеќе од час и половина, нашите вработени ќе го остават ѓубрето пред „Дрисла“, беше образложението на Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски пред неколку месеци дојде во конфликт со Арсовска околу поставувањето на знакот „Ја сакам Кисела Вода“ на булеварот „Борис Трајковски“.

Градоначалникот на Киесела Вода стана претседател на ЗЕЛС откако од таа функција беше сменета скопската градоначалничка.