Данела Арсовска од денеска е нова „градска мајка“ на Скопје со „тапија“, откако го доби уверението за избран градоначалник.
На локалните избори во главниот град независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ го победи досегашниот градоначалник Петре Шилегов со 28.130 гласа разлика во вториот круг.






