Арсовска: Економските мерки итно да продолжат уште 2 месеца

Сојузот на стопански комори на Македонија, иницира продолжување на економските мерки за финансиска поддршка на Владата, итно за дополнителни два месеци.



„Неопходно е и продолжување на сите мерки за одложување на побарувањата по основ на даночни аконтации, кредити, како и на казнени и затезни камати до крајот на годината“ вели Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Согласно анализите на Сојузот, голем број претпријатија се сериозно засегнати од кризата, а дел немаат воопшто никакви приходи за да ги покријат основните месечни трошоци, вели Арсовска.

Според Арсовска на приватниот сектор му е неопходна институционална поддршка за да се овозможи економијата да биде во континуирано движење. Иницијативата на Сојузот, официјално е доставена и до Владата за итно разгледување.