Арсовска да каже зошто нема плати за ЈСП и покрај изгласаните 700 милиони денари, прашува опозицијата

Не очекувавме дека за толку брзо ќе излезе вистината на виделина и дека ќе се добие потврда за ставовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дека ЈСП е бунар без дно, и дека покрај изгласаните 700 милиони денари субвенции, Арсовска уште не исплаќа плати за вработените на ЈСП – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Се потврдија ставовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари – велат од опозицијата.



  • Ретко кога сме изненадени, но не очекувавме дека за толку брзо ќе излезе вистината на виделина и дека ќе се добие потврда за ставовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дека ЈСП е бунар без дно, и дека покрај изгласаните 700 милиони денари субвенции, Арсовска уште не исплаќа плати за вработените на ЈСП. Очекуваме да излезе Арсовска и да каже зошто нема плата, како што воодушевено и полетно излезе кога организираше протести пред советот против ВМРО-ДПМНЕ и кажуваше пред вработените, смеејќи и покажувајќи лажен триумфализам преку оградите, дека го спасила ЈСП, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така не очекуваме ништо ниту од СДСМ, Левица и ДУИ кои срдечно ги поддржаа седумстотините милиони денари субвенции, и во исто време водеа хајка против ВМРО-ДПМНЕ и градеа среќа и профитираа врз туѓата несреќа. Тонат како брод среде отворено море, велат од опозициската партија.