Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва на прес конференција откри дека
Во ЈП „Комунална Хигиена“ луѓе со едно презиме, односно од една фамилија, се вработени „до 6-то колено“, изјави синоќа градоначалничката Данела Арсовска.
Според неа, се работи за над 40 вработувања од една фамилија.
На новинарите им покажа документ на кој стоеше презимето Дардишта, како и повеќе имиња варботени како метач, советник на директор, работник за собирање смет, хигиеничар.
„Од документот можете да видите дека едно презиме, односно една фамилија, во јавното претпријатие „Комунална хигиена„ има вработено се што му е род до шесто колено.
„Од втора фамилија има над 30 вработувања, и овие мафијаши нема да бидат толерирани“, рече Арсовска.






