„Санкциите претставуваат порака дека веќе не можете да влезете во политиката.’ – вели дипломатот од кариера и прв македонски амбасадор во Грција Љупчо Арсовски, давајќи видување за мерките на американските власти насочени кон поранешниот македонски премиер во бегство Никола Груевски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.“ – објави весникот „Нова Македонија“ во редакциската статија со наслов „Црната листа’ на која се Груевски и Мијалков им порачува на опфатените дека нема враќање во политиката“
„Поранешниот македонски амбасадор Љупчо Арсовски за санкциите на Стејт департментот“
„Нова Македонија“ пишува: „Груевски и Мијалков се меѓу седумтемина бизнисмени и некогашни функционери од Балканот, што се најдоа на проширената ‘црна листа’ на Канцеларијата за контрола на странски капитал при Министерството за финансии на САД, со образложение за нивна наводна вмешаност во значителна корупција. Тие се цел на извршна уредба, според која се казнуваат оние што претставуваат закана за стабилноста на регионот. На листата се најде и фирмата И.Ц.И.Ц., која што Груевски ја отвори во Унгарија во јули минатата година.“
„Груевски станува бизнисмен со своја фирма во Унгарија“
„Неколку земји од Советот за безбедност, меѓу кои се и САД, имаат пракса за воведување санкции. Тие веќе беа најавени и од американскиот претседател Бајден. Одредени крупни институции, како што е Европската централна банка, го следат текот на парите. Пред десетина години од Македонија излегоа 3-4 милијарди евра, што во тоа време беше сума поголема од државниот буџет. Така што, објавувањето на ‘црната листа’ не зачудува. Не е сѐ заборавено.’ – смета Арсовски.
„Јавното обвинителство го обвини Груевски дека ги организирал насилствата на 27 април 2017 година во Собранието. Оттогаш тој е во бегство во Будимпешта. На 27 јуни 2019 година судот во Будимпешта одлучи да не го екстрадира. Груевски се бара и за издржување казна и за злоупотреба на службената положба. Мијалков се соочи со судски процеси, поврзани со обвиненија за корупција.“
„Груевски: ‘Наводите, поради кои сум на листата, произлегуваат од политичкиот прогон“
„Груевски преку фејсбук ги отфрли обвинувањата за корупција, со кои се соочи откако доспеа на ‘црната листа’ на САД: ‘Наводите поради кои сум ставен на листата се неточни информации и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон, кој се води против мене во Македонија. Чувствувам голема неправда, бидејќи работев многу чесно и многу одговорно, борејќи се за државните и националните интереси. Се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија. Никогаш не работев за личен финансиски, или материјален интерес. Ќе продолжам да се борам да ја докажам вистината. Ќе продолжам да се борам за Македонија.’ – порача Груевски.“
„Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков преку фејсбук истакна дека одлуката на Стејт департментот не е исправна:‘Базирана на конструкции и дезинформации, за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани. Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија. Верувам дека правдата ќе победи и оти одлуката на американската администрација ќе биде корегирана.“





