Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на својот фејсбук профил сподели фотографии од испразнети контејнери за отпад и порача дека состојбата се нормализира.
„Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани.
Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана.
Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани.
Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор“ порача градоначалничката.






