Полицијата откри голема количина на оружје и муниција – од калашњикови, полуавтоматски пушки и пишкомитролез, па сѐ до противавионски митралез – во домот и помошните простории на син и татко, во село Србица, кичевско.



„При претрес на домот и помошните простории на Х.И. (27) и А. И.(52) во с. Србица, пронајдени и одземени се четири автоматски пушки ‘калашников’, две полуавтоматски пушки, две пушки, седум рамки за автоматска пушка со куршуми, 12 пиштолски рамки со куршуми, пушкомитролез со добош за муниција, два митралеза од кои еден митралез марка М 53, а другиот е протиавионски DSK 12,7 mm со постолје ,цевка од тежок митролез, нож бајонет, седум пиштоли, револвер, над 3 500 куршуми 11 рачни бомби со запалка, три рачни бомби без запалка, прибор за чистење оружје, футроли, маскирни ранци, маскирни елеци, двогледи и други предмети“, соопштија од МВР.

Против приведените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и ќе бидат предадени на јавното обвинителство, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.