Армијата доби лесни оклопни возила од американско производство

Конвој со новите возила на Армијата – лесните оклопни возила „JLTV Oshkosh“, кои се од американско производство, пристигна денеска во земјава соопшти Министерството за одбрана.



Тие се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД, а досега се пристигнати 32 возила од овој тип.