Американската војска објави договор вреден речиси милијарда долари за зголемување на производството на артилериска муниција од 155 милиметри, која Украина ја користи во големи количини.
Украина троши повеќе муниција отколку што САД и НАТО можат да произведат, објави вчера Си-Ен-Ен.
Воените компании General Dynamics Ordnance&Tactical Systems и American Ordnance ќе се натпреваруваат за поединечни нарачки на муниција во рамките на договорот во вредност од 993,7 милиони долари, се наведува во соопштението на американската армија, пренесува AFP.
Целта е да се произведуваат меѓу 12.000 и 20.000 дополнителни артилериски гранати месечно.
Претходно, војската на две други компании им додели договор од 522 милиони долари за купување муниција од истиот калибар како дел од механизмот за помош на Пентагон за Украина.
Украина, истрелува меѓу 4.000 и 7.000 гранати дневно, што е повеќе отколку што западните производители на оружје можат да произведат за да продолжат,пренесе Ал џезира.






