Професорката од Музичката академија Дарија Андовска ги открива нејзините 12 животни принципи на секојдневно однесување.
Во дванаесетте наведени принципи на однесување секој од нас ќе препознае нешто кон кое самиот стреми или го спроведува.
За жал не за сите овие принципи се “арматура” или нешто што секојдневно го аплицираме.
12 принципи на Дарија Андовска
Сигурно веќе сум поминала половина (и повеќе, со оглед на условите во кои живееме) од мојот животен век.
Видов и искусив многу нешта, прошетав колку можев (секогаш сакам повеќе).
Ова ми стана арматура:
– секој ден да пробам или да научам нешто ново;
– да (си) простувам без огорченост;
– да сум скршена но да стојам стабилно;
– кога губам драги луѓе да ги чувам во себе;
– да си ја носам тежината, а да се чини бестежински;
– да се насмеам од срце кога душата ми плаче;
– да сум љубезна со секој, оти не знам кој колкава мака носи;
– да помогнам колку и кому можам;
– да го слушам срцето исто колку разумот;
– да се радувам на мали нешта;
– да застанам на страната на правдата и правичноста, без разлика колку ќе ме чини;
– да танцувам, љубам и пејам како да нема утре.
И да знаете дека кога ќе ве гушнам,
од срце е. Како да нема утре.





