Арифи ветува гасификација, фотоволтаични системи и подземни контејнери во Тетово

Градоначалничката на Тетово и кандидатка за нов мандат Теута Арифи рече дека досега се реализирани проекти за унапредување на животната средина како што се субвенционирање инвертери за домаќинства и образовнии установи, фотоволтаични системи за училиштата, пречистителната станица за вода, зелен кров во градинка.



-Нашата програма за идниот мандат е продолжување и зголемување на можностите. Еден од капиталните проекти многу значаен е гасификацијата. Ние ќе продолжиме со поставување на фотоволтаични системи – нашата цел е сите училишта да ги снабдиме со фотоволтаични системи затоа што тоа е многу значајно за животната средина, како и за намалување на трошоците на училиштата. Веќе сме завршени со процедурите и проектот ние готов за полуподземни контејнери имаме 31 локација каде што тие ќе бидат поставени. Исто така зачувување и проширување на зелените средини, проектот за Бањиче и другите проекти кои се важни од аспекти на животна средина, изјави Теута Арифи.

Таа порача дека во иднина ќе се заложи за продолжување на булеварите во Тетово со цел што помалку возила да влегуваат во центарот и така да се намали загадувањето на воздухот.