Емисијата 360 Степени објавува истражување за перипетиите околу дивоградбата на улицата Пластичарска во центарот на Скопје, случај во кој директор на државен градежен инспекторат ги понижува премиерот Ковачевски, министерот за транспорт Бочварски и градоначалникот на општина Центар Герасимовски.
Според сторијата за која expres.mk објави дека по мистериозен притисок министерот Спасовски ги повлекол специјалците на МВР кои требаше да асистираат при уривање, директорот на ДУИ без потпис на Бочварски одзел предмет од Општина Центар и ги спасува тајните сопственици на дивоградбата на државно земјиште.
За скандалот кој се влече со години молчат сите министри на ДУИ на чело со Артан Груби затоа што според луѓе во партијата се работи за тајни инвеститори на државна земја кои имаат блиски реакции со Ахмети и врвот на ДУИ.
Според упатени извори доколку Ковачевски и Бочварски решат да ја урнат дивоградбата може да ја урнат и владата.
Објектот кој директорот на ДУИ го штити од уривање вреди најмалку десетина милиони евра.
Повеќе детали






