Архитектот Вангел Божиноски смета дека името Македонија треба да биде заштитено од Организација на Обединети нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) како светско културно наследство.
„Македонија е единствен геополитички и културен ентитет кој немал потреба да биде дефиниран преку други имиња во својата историја. Името Македонија треба да биде предложено како светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Македонската историја и археологија го потврдуваат тоа“, порача Божиноски преку Фејсбук-групата „Бојкотирај референдум за промена на името“.
Божиноски е автор на проектот за спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје.




