По бурните реакции во јавноста окоплу најавата дека ќе се урива Универзалната сала и дека дури бил распишан конкурс за идејно решение на тоа место да се изгради парк, реагираше Асоцијацијата на архитекти на Македониа.



„Нашиот став беше дека Универзална сала треба да остане во целост таква каква што е и да се реставрира во нејзиниот постоен облик.

Од страна на Град Скопје бевме информирани дека средства за реставрирање и за реновирање на постојниот објект на Универзална сала нема“ велат од Асоцијацијата.

Архитектите апелираат да се сочува постојниот објек а доколку Град Скопје нема средства ја повикуваат владата да се изјасни дали може да обезбеди средства Универзална да биде реконструирана и сочувана, пренесе А1.Он.