Архитекти: Бесправното градење треба да се казнува

Асоцијацијата на архитекти на Македонија(ААМ) е против повторно носење нов Закон за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти затоа што тој ги суспендира сите важечки прописи за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на изградениот простор и дава погрешен сигнал дека бесправното градење нема да се казнува, објави СДК.



„Бесправното градење треба да биде казниво. Просторот е необновлив извор кој треба многу внимателно и паметно да се планира. Сите непланирани повреди на истиот треба да бидат соодветно санкционирани“, велат од ААМ.

Од таму потенцијраат дека Законот е во колизија со важечките закони за урбанистичко планирање и законот за градење, бидејќи ја негира нивната суштина која се однесува на процедурите востановени за стратегиско планирање и организирање на изградената средина и управување и заштита на природните ресурси.

Архитектите апелираат уште еднаш да се разгледа потребата од носење нов Закон, затоа што со ваква декриминализација на бесправното градење се доведува во прашање и правната, материјалната, социјалната и финансиската еднаквост на учесниците во градбениот процес.

Повеќе