Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.
Тој обвини дека обвинителките ја злоупотребиле јавно обвинителската функција, поточно со презентирање на лажни податоци до судот, обезбедиле наредба за претрес во Управата за финансиска полиција, дознава Фокус.
-Ние во старт знаевме дека се работи за блеф, за злоупотреба на функцијата, за прикажување лажни податоци, за немање основ да се бара наредба за претрес. Тоа се докажа и со надзорот на републичкиот јавен обвинител: „Пред Судот дало лажни податоци дека Јавното обвинителство има основи на сомнение дека е сторено кривично дело, додека во списите од предметот има само анонимна кривична пријава“, вели Муареми, цитирајќи дел од констатациите на републичкото јавно обвинителство.
-Уште на почетоко нас ни беше јасно дека станува збор за чиста злоупотреба на јавно обвинителска функција. Дека претресот е неоснован, незаконски, спортивен на одредбите од Законот за кривична потапка. Одите на претрес а не знаете зошто одите и што барате, притоа во наредбата за претрес сте навеле конкретно кривично дело.







