Арафат Муареми не поднесе оставка – му истече мандатот, вели Маричиќ

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ , не смета дека суспендирањето на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска и повлекувањето на директорот на финансиската полиција Арафат Муареми ќе влијае на ефикасноста на борбата против корупцијата во која, според него, сме покажале завидни резултати изминатите пет години. 



„Муареми не поднесе оставка туку му истече мандатот и одлучи дека нема да бара продолжување“, пренесе Независен

„Оставката“ на в.д. шефот на Финаниска полиција дојде речиси истовремено со суспензијата на обвинителката Вилма Русковска која тој ја обвини за нелегален упад во институцијата со која раководеше.