По претресот што го изврши Обвинителството на Вилма Русковска во Управата за финснсиска полиција, директорот Арафат Муареми, бара одговорност.
Имено, денеска Финансова поднесе нова претставка, до Судскиот совет со која Муареми бара да се провери по кои индиции и докази судијата на претходна постапка му одобрил на Обвинителството да изврши претрес во Финансова.
Вчера претставка беше досетавена и до Советот на јавните обвинители за да се преиспита работењето на Обвинителството за гонење на организиран криминал.
Во Обвинителството, пак се проверува веќе поднесената претставка на Муареми за начинот на претресот во Финансиска.
Обвинителството на Русковска ја чешлаше работата на Финансиската полиција по пријава на граѓани, но не откри за што се работи…







