Арачиново вечерва преплавено со специјални полициски сили (ВИДЕО)

ТВ 21 ноќва јавува за огромно полициско присуство во селото општина Арачиново.



Од објавеното видео се гледа дека полицајците припаѓаат на специјалните единици на МВР кои го обезбедуваат теренот.

Во Арачиново се гледаат и повеќе полициски возила.

Од ТВ21 тврдат дека новинарите на телевизијата неколку пати се обиделе да контактираат со МВР за да добијат информација што точно се случува, но тие не одговориле.

Нема информација ниту дали акцијата на полицијата има врска со лицето кое вчера било уапсено заради закани кон медиум.

Видеото од Арачиново на ТВ 21 на овој линк

https://www.facebook.com/673190229477851/posts/pfbid09cazYeSnERVoL54aGKwSy23KCUPZMmp4Faku5t7pGY8mnjRk56BJvWWPL9YS7Pchl/?mibextid=Nif5oz