Арачиновец убиен во казино во Скопје

Две лица се уапсени по убиството на 46-годишен жител на Арачиново утрово во казино во Скопје.



Двајца роднини кои се поврзани со убиството се осомничени како сторители.Полицијата трага по уште едно лице од Скопје.

Првичните информации се дека во казиното рано наутро избила кавга меѓу убиениот и другата група. Била поврзана со долгови кои ги имале меѓу себе, дознава Телма.

„Во 08:05 часот во СВР Скопје пријавено е дека во казино лоцирано на бул. ‘М.Т. Гологанов’ едно лице пукало во Н.А. (46) од село Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. им подлегнал на повредите“, велат од МВР.