Апсурдистан: Владата бара помилување за Нинџа кој ,,осуди” десетина луѓе на 200 години затвор

Новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу како ,,апсурдистан”, ја коментира ситуацијата во која владата преку министерот за правда бара намалување или целосно ослободување од затворска казна за единствениот сведок во случајот 27 април каде обвинетите се осудени на околу 200 години затвор.



Салиу открива дека името на Александар Василевски – Нинџа е помеѓу 48-те лица за кои се бара помилување од претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

,,Иначе, меѓу овие 48 лица за кои се бара помилување е и името на Александар Василевски – Нинџа. Апсурдистан”, пишува Салиу.

Салиу исто така тврди дека Маричиќ се потпишал и на документите за помилување на Бобан Илиќ, осуден за сообраќајка по која почина четиригодишниот Алмир.

Соогласно правниот систем во Македонија, секој затвореник кој ги исполнува законските одредби може да побара помилување.

Постапката најпрво започнува судот кој потоа молбата ја доставува до Министерството за правда и само откако ќе добие барањето потпис од министерот, во случајов министерот Бојан Маричиќ, може да одлучува Koмисијата за помилување на претседателот која е составена од 11 члена.

Во моментов на чело на таа комисијата
е некогашната активистка на шарената револуција Уранија Пировска.

Според информациите на Салиу, Маричиќ веќе го ставил својот потпис и се чека на одлука на Комисијата.

Владата не бара помилување за осудените за 27 април.