Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во свој стил реагира на вчерашниот повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за обединување на опозицијата по првиот круг на локалните избори со цел уривање на СДСМ.
Апасиев вели дека нема намера да коалицира со ниту една партија а тоа го искажа преку цитат на починатиот претседател на Куба Фидел Кастро.
„Првата политичка партија во која учествувал Кастро е партијата Ортодоксо. Тогаш освојуваат само 2 (две) пратенички места во кубанскиот парламент. Ставот на младиот стратег Фидел е: – Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! КОАЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ ЈА РАЗВОДНИ ИДЕОЛОГИЈАТА. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали – Кастро (1948) “, напиша Апасиев.
Апасиев претходно изјави дека е за коалицирање за пад на Владата.
По првиот круг Апасиев порача:
„Ако треба, со три збора, да го опишам чувството после овие пеколни Локални избори, тоа би било: СО СОПСТВЕНИ СИЛИ!“.
Вчера лидерот на ВРМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски без да спомене коалиција ги повика опозиционите партии и партиите незадоволни од владеачката коалиција да му се придружат за да се урне СДСМ на Зоран Заев.
Партиите Алијанса за Албанците и Алтернатива својата релација со ВМРО-ДПМНЕ на овие избори не ја нарекуваат коалиција туку партнерство и соработка.
Последна поврзана вест
Уште поцрно му се пишува на СДСМ во вториот круг од изборите
Апасиев со анегдота му одговори на Мицкоски и најави што ќе му се случи на Заев на 31 Октомври






