Апсењата на Лапе не ги спасува ДУИ и СДСМ од скандалите со внуците на Ахмети

Апсењето на неколку лица за ,,Скопје 2014″ од обвинителот Лапе кој чекал цели 7 години да почне да процедува не ги спасува ДУИ и СДСМ од скандалите со внуците на Ахмети.



Покрај неколкуте скандали меѓу кои и купување на ТЦ Соравија без денар лични пари и неколку сомнителни случаи на површина излегуваат и други работи со внуците на лидерот на интегративците за кои Лапе и неговиот шеф од ДУИ Ислам Абази молчат.

Фирми на внукот на Ахмети, Дрин добиле уште еден државен грант на конкурсот на Фондот за иновации и технолошки развој од 10 мај 2022 година.

Од тоа што се знае засега вкупно две фирми на Дрин Ахмети добиле пари за кофинансирање на иновации од ФИТР каде директор е, погодувате, кадар на ДУИ од Кичевско од каде што е и фамилијата на Али Ахмети.

,,Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс доби околу 32.000 евра (1.989.998 денари) за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“.

На истиот конкурс, фирмата на истиот Дрин Ахмети, Еверест ЏД добива 3.102.998 денари (50.000 евра) запроектот „Daтa management Efficiency System), објави порталот МКД.мк.

Од фотографии по социјалните мрежи може да се види дека Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој е во блиски односи со семејството Ахмети.

На фотографијата се и Бесиан и Фикрет Ахмети и директорот на ФИТР Фестим Халили

Дрин Ахмети стана познат на македонската јавност по објавување на договорот за купопродажба на бизнис центарот Соравиа во Скопје. Тој на споменатата конференција за медиуми рече дека сопственоста на 39 отсто од акциите на бизнис центарот Соравиа (15.000 квадрати деловен простор во центарот на Скопје) благодарејќи на неговите претприемачки вештини и целосната идеја за спроведување на овој купопродажен договор.

На 31 мај 2019 година фирмата Еверест ЏД на Дрин Ахмети од владата добива концесија за изградба на мала хидроелектрана на Бачишка Река. Концесијата е на 23 години за изградба на хидроцентрала со моќност од 387 kw, а предвидената инвестиција е 1,2 милиони евра.

Целата сторија на МКД.мк.