Априлските панзии ќе стигнат порано

Владата на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за исплата на пензии за месец април, 2023 година и им препорача на деловните банки да почнат со исплатаод 25 април.



За клиентите кои не користат картички, пензиите ќе се исплаќаат како и досега, во четири групи, по распоред според висината на пензијата и тоа:

• За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.04.2023 година (вторник);
• За пензии со висина 11.001-14.000 денари, на 26.04.2023 година (среда);
• За пензии со висина 14.001-18.000 денари, на 27.04.2023 година (четврток) и
• За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да биде на 28.04.2023 година (петок).