Апостолов: Доста ми пишувате една работа тајно а на Заев му пишувате друго јавно

Член и активист на СДСМ од 1998 година со порака до лигушите во неговата партија.



Извршниот менаџер на Здружението на медицински лаборани при Клиничкиот центар во Скопје Ивица Апостолов бара да запре лигавењето на сопартијците кои тајно зборуваат против Заев а јавно му честитаат победа.

“Сите кои ми пишувате во пораки за изборот на Заев дека не бил легитимен и слично, зошто јавно на профил кај вас не го напишете истото?
Доста веќе се лигавите, во пораки ми пишувате фекалии за него, а први му го лижете анусот со пораки “браво шефе, честито шефе” на официјалниот негов зид!
Од такви супозитории ми е преку глава, ебави тоа лигушите што мењате политички бои по потреба!
Јас што сакав да му кажам и да му порачам на Заев, и кое е моето мислење околу распишаниот избор, јавно го напишав и објавив.
Никогаш во животот ниту сум се криел да го искритикувам некого кога заслужува, ниту сум криел јавно да кажам дека сум социјалдемократ по размислување и по почитување на вистинската социјалдемократија, а моето членство во СДСМ официјално е од 28.10.1998 година, и сеуште не е прекинато и немам намера да го прекинам затоа што партијата ниту е Заев, ниту е Бранко, а тие што се навистина искрени кон партијата и идеологијата во СДСМ од ‘90-тите години, многу добро знаат дека јас сум се зачленил во СДСМ (со книшка) во период баш по избори кога СДСМ изгуби на парламентарните избори!
На партијата ниту и должам нешто, ниту сум побарал нешто од раководството на партијата, ниту партиски сум се запослил, ниту сум напредувал во кариерата по партиска линија, напротив сум осетил што значи реваншизам на партиска основа кога ме спуштале скалила надоле, ми намалувале и додатоци на плата, ме разрешувале и исфрлале од стручни комисии, и што се уште не сум осетил, ама сам сум се борел како гризли да ја докажам вистината без да побарам помош или да плачам во партиските кулоари, и ете баш поради ова ве молам да не ми продавате муда за бубрези со текстуални пораки демек многу добро сте знаеле кој е кој во СДСМ”, пишува Апостолов кој предходно побара Јавното обвинителство по допрен глас да истражи незаконско однесување на генералниот секретар на СДСМ!

Според Апостолов изборот на Заев е нелегитимен во контекст на организирање на партиските избори за лидер.