Дали директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски јавно се заложи за укинување на закони и воведување на нови Ад Хок нечовечки казни без судење и без право на одбрана кои во демократските земји одамна се укинати.
Ова ми е дилемата откако вчера во емисијата “Само интервју” на Канал 5 го слушнав апостолот на спорниот попис како вели дека лично смета дека тие што ќе повикаат на бојкот на пописот треба да добијат многу повеќе од кривична одговорност.
Како човек што ја живее реалноста и што учел историја вие Апостоле на контроверзниот попис треба да знаете дека за земји кои спроведуваа построги казни од кривичен прогон според вкусот на поединци и партии во модерната историја беа организирани меѓународни трибунали за злосторства против човештвото како во Нацистичка Германија, Руанда, Екс Југославија.
Таму им се судеше на масовни убијци за убиства кои беа извршени надвор од кривичниот прогон.
Во македонскиот правен систем нема повисоки казни освен тие што се предвидени со кривичниот законик.
Сите останати повисоки казни за кои зборува Симовски асоцираат на убиства
и робија без процеси и пресуди, масовни стрелања, концентрациони кампови и други злодела против човештвото.
Да имавме јавно обвинителство наместо директорот Симовски да оди на телевизии уште ноќеска ќе беше прибран од истражен судија и ќе мораше да објасни за какви повисоки казни од кривична одговорност зборуваше на интервјуто во Канал 5.
Да имавме соодветен систем за проверка на деловна способност апостолот на пописните глупости досега ќе беше три пати прибран и соодветно проверен за искажаните небулози.
Вака ќе продолжи да се заканува се додека на некој друг не му текне дека по неговите сугестии во самоодбрана од заканите од апостолот на политичкиот попис токму тој треба да биде казнет надвор од кривичниот законик за тоа што и го прави на својата држава и својот народ.
Апостоле прибери се и не треси зелени и онака веќе се премногу истресени.
П.С.
А кога дојде на интервју во Заспиј ако можеш ми заличе на сериозен и стабилен човек кој знае што зборува






