Апологетката на СДСМ и ДУИ Ана Пановска за организирање и спроведување оргии ги обвини лидерите на БЕСА, Алтернатива и Демократското движење, Касами, Гаши и Меџити и порача дека тоа што ДУИ играле голф во владини канцеларии било добра работа.
Пановска која е блиска роднина односно свекрва на екс шефицата на Сорос во Македонија во колумна за Фокус се обидува да каже дека СДСМ и ДУИ се добри а ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција се лошите.
Таа на ВМРО-ДПМНЕ му предлага да предложи амандмани за бришење на Албанците од уставот но не може со сигурност да се каже дали нејзиниот предлог е иронија, сарказам или цинизам.
,,Ајде јунаци, во Собранието предложете амандмани со кои ќе се избришат Албанците и другите националности од Уставот. Да видиме како ќе ве дочекаат опозициските албански партии, вашите поддржувачи и идни коалициски партнери, кои ви се посраа на вашето скапоцено, национално достоинство со масовните оргии во Чаир и во Тетово околу ѕвездата на сеалбанското небо – косоварот Курти.
Владата на ДУИ и „помалиот коалициски партнер СДС“, тие ли ви го избербатија националното достоинство? Се гребете на ситно: власта ја третирала посетата на Курти како државничка зашто одредила засилено полициско обезбедување.
Не, бре срциња, власта си ја знае работата и посетата на Курти ја истретира како гостување на некој фудбалски тим на натпревар од висок ризик”, пишува Пановска која не ги водела реакциите на ВМРО-ДПМНЕ за посетата на Курти.
,,Е, па и СДСМ баш не реагираше кога во кабинетот на Груби си играа со топка, велат запалените вмровци што ми се во околината! Исто било! Е, не е исто.
Тоа со Груби ептен наликуваше на видеоролна од некоја голема американска компанија во која менаџерите во пауза си играат мал голф во канцелариите.
А, тоа во Чаир и во Тетово опасно потсетуваше на националистичките иконографии и еуфории од раните 1990-ти, кога отворено беснееше шовинизмот низ бившите ЈУ-простори – најпрвин со вакви митинзи, па со закани, па со оружје, со жртви и на крај со мировни договори стокмени од големите сили”, пишува во колумната Пановска која со Бранко Тричковски, Џабир Дерала, Зоран Иванов и Ненад Јовановиќ е еден од најголемите апологети на СДСМ.
Панова која беше главен уредник на вестите на тогаш единствената телевизија МТВ во времето на приватизацијата до 1994 година имаше спротивни ставови за бугарскиот протокол дури и со нејзината ќерка.






