Еден од најголемите поддржувачи на СДСМ новинарот Зоран Иванов обвинува дека МПЦ-ОА која повика на протест против законите за родова еднаквост и матична евиденција е средновековна инквизиција.
,,Среден век добродојде назад:
Во четвтрок навечер пред Соборниот храм во Скопје ќе се промовирала МПЦ – инквизиторска!!”, пишува Иванов за Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Инквизиција (латински: Inaquisittio = иследување) се група установи на Римокатоличката црква кои имале за задача да иследуваат, судат и казнуваат луѓе коишто црквата ги сметала за кривоверци. Почетокот на работата на иквизицијата се поврзува со Григориј IX (1227 — 1241), кој со папски указ ја основал на 29 август 1289 година. Дејствувала во средниот век во сите земји на Западна Европа, а особено крвава и немилосрдна била озлогласената шпанска инквизиција.
Галилео Галилеј одговара пред Инквизицијата
Во 1232 година папата ги испратил инквизиторите во Франција под изговор дека тамошните епископи имаале премногу други обврски и затоа не можеле во целост да се посветат на борбата со кривоверците. Окосница на инквизицијата отсекогаш биле Доминиканците поради наводниот факт што добро знаеле како да ги убедуваат отпадниците од црквата. Иследувањето на кривоверците, и воопшто осомничените, го помагала и државната власт. На почетокот, инквизицијата не била организирана по територијален принцип, туку делувала по потреба. Подоцна ова судство било организирано по региони. Инокентиј IV на 15 мај 1252 издал папска була под наслов “Ad exstirpanda” која експлицитно дозволувала мачење при изнудување на признание од наводните кривоверци во текот на инквизицијата, и експлицитно простувала пракса на убивање на повредени кривоверци, со палење на клада. Булата отстапувала дел од имотот на државата конфискуван од осудениците.
Многу напредни умови биле жртви на инквизицијата, како на пример Јан Хус, Џордано Бруно и други. Укината е во текот на XIX век





