Апологет на Заев со сексуални алузии кон професорки на универзитетот Св. Кирил и Методиј

Сексуални алузии и мизогинија во твит на еден од најголемите бранители на хибридниот режим на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.



“Барам жена на која и е потребна поправка. Стоп. Можна е и трајна врска.Стоп.Итно. Стоп.Предност имаат професорките на УКИМ. Стоп!
Шифра:Водоводџија
Забелешка: Располагам со сопствен француски клуч!”, пишува новинарот Бранко Тричковски во твитот што содржи повеќе понижувачки пораки за професорките на УКИМ.

Во твитот во кој Тричковски користи иронија тој ги навредува сите жени но посебно жените професори на УКИМ кои може да се оштетена роба.

Соред контекстот на неговата порака во која покрај кратка нуди и трајна врска тој може да ја поправи со помош на секс за што го нуди својот полов орган кого го нарекува француски клуч.

Меѓу професорките на УКИМ има и високи функционерки на партијата СДСМ која ја протежира Тричковски како екс министерката за образование и правда Рената Десковска или екс потпретседателката на СДСМ Ана Павловска Данева, но и актуелни функционерки на СДСМ.

Меѓу членовите на телата на СДСМ кои се професорки на УКИМ во моментов се лекарките Ана Данева Марков, Софија Пејкова и Милена Стевановиќ кои предаваат на медицинскиот факултет при универзитетот Свети Кирил и Методиј.

Сите три се членови на извршниот одбор на владеачката партија.

За мизигонијата на Тричковски засега молчат и СДСМ и професорките од оваа партија, молчат и невладините организации но и министерката за образование и наука Мила Царовска која постојано зборува за полова еднаквост.