Апологет на Заев го прогласи Шилегов за негатор на објективната вистина

Еден од главните апологети на лидерот на СДСМ Заев го прогласи градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за човек кој ја негира објективната вистина.



Аналитичарот Ненад Јовановиќ кој јавно призна дека сопругата му била вработена во државна фирма откако побарал помош од СДСМ Кавадарци се обидел да го пофали Шилегов но наместо да му помогне со квалификацијата што му ја дава го прави спротивното.

Според дефиницијата за постмодернизам која Јовановиќ му ја доделува на Шилегов тој е негатор на објективната вистина.

Аналитичарот во својот пост врши индиректен напад врз независната кандидатка Даниела Арсовска која се очекува да биде поддржана од опозицијата.

“Еднаш кажав, пак ќе кажам. Скопје е важен град, а Шилегов е вистински (пост)модерниста. Антифашист кој знае да се скара, да отера во мајчина, да пресече, да поддржи и кога треба да афирмира. Но најмногу ми е драг кога се расправа за работи во кои верува. Тоа беше мојот прв впечаток за него на почетокот на неговиот мандат.

Сакам фајтери луѓе. Сакам луѓе кои имаат вредности и тие вредности ги живеат, а не им се само декларативни и општи места на парче хартија.

А таа госпоѓа Арсовска, “независна”, не знам кој ја познава меѓу општото граѓанство, не се знае што мисли, што сонува и во што верува. Освен што била нешто во Стопанска комора, практично никој и ништо за неа не знае. Позната е по тоа што била кадар на Груевски, и тука и почнува и и’ завршува биографијата.

Скопје да си го грабне Шилегов и да не го пушта!

Еден мал и скромен одек за Скопје, град што многу го сакам иако во него не живеам”, пишува Јовановиќ.

Постмодернизам или постмодерна — правец во западната култура, во доменот на уметноста, книжевноста, филозофијата и архитектурата, особено популарен во 80-тите години на XX век како реакција на модернизмот, кој се карактеризира со комбинирање на стари и нови стилови.

Терминот постмодернизам првпат го употребуваат Џон Воткинс Чапман во 1870 година, Џ.М. Томпсон во 1914 и Рудолф Панвиц во 1917 година. Терминот заживува во периодот околу 1920 година и се користи за новите појави во уметноста, подоцна и во архитектурата, филозофијата, итн. Постмодернизмот предизвикал голем број полемики, научни истражувања и анализи. Сè уште постојат различни толкувања како за користење на терминот, неговото значење, така и за неговиот придонес во надминувањето на колективната депресија во наведените области. Како основни карактеристики на постмодернизмот можат да се издвојат:

реакција на потребата за напредок и објективноста кон кои тежнее модернизмот;

верување дека сè е релативно и субјективно: искуството, моралот и културата;

прифаќање на светските процеси за отстварување на идејата за глобално село со активна примена на децентрализација и плурализам;

верување дека во светот доминираат мас-медиуми кои се неоригинални, несериозни и неодговорни, што предизвикува прифаќање на иронија и сатира како пригоден начин на изразување;
претпочитање на стилска индивидуалност и стилски плурализам.

Постмодернизмот се карактеризира со негирање на објективната вистина и светската култура, акцентирајќи ја улогата на јазикот, моќните врски и мотивации, најстрого ги критикува острите поделби на мажи и жени, хетеросексуалци и хомосексуалци, бели и црни, власт наспроти колонијализам. Постмодернизмот ја поттикнува појавата на многу културни области како книжевната критика, лингвистиката, архитектурата, визуелните уметности и музиката. Постмодернистичкиот став е намерно отстапување од модернистичките пристапи, кои доминирале во минатото. Поимот постмодернизам произлегува од одбивањето на модерната научна психа што се развила за време на просветителството. Ако модернизмот се поврзува со идентитетот, единството, авторитетот и прецизноста, постмодернизмот се поврзува со разликата, разграничување, текстуалноста, скептицизмот.