Во школо не учеле да ги мразиме Албанците, вели средно образованиот политички аналитичар и еден од најголемите апологети на СДСМ Ненад Јовановиќ во неговата полемика со Павле Трајанов, пренесува Радио Лидер.
,,Од деца во училиште не учеа дека – или ни создаваа предрасуди – Албанците се некое диво племе, нешто меѓу луѓе и животни. Истиот манир, истата предрасуда ја користи и Павле Трајанов”, пишува Јовановиќ.
Без да навлегува каде, дали и што учел, Радио Лидер пренесува уште еден исечок од контроверзните мудрости на Јовановиќ.
,,Заборава дека денес Албанците се најревносни за Европеизација на земјата; само Македонците се тие кои гаат ресентимани од минатото, само тие се глупираат, сплеткарат, маваат сопки, само за да ги запрат Европските интеграции. И после ќе се чудиме зошто тие луѓе понекогаш немаат доверба во нас”, пишува Јовановиќ.
Целата мудрост на авторот, може да ја прочитате на следниот линк:





