Апологет на СДСМ за болни прогласи стотина македонски научници кои не ги прифаќаат ,,бугарските” препораки

Еден од најголемите апологети на СДСМ Ненад Јовановиќ за психички болни односно малоумни ги прогласи стотината македонски интелектуалци меѓу кои има академици, професори, врвни интелектуалци.



Јовановиќ на луѓето кои за неприфатливи и ништовни ги прогласија препораките од комисијата за историја со Бугарија им препорачува да си пијат лековите и ги прогласи за болни, најверојатно на психичка основа.

Тој како аргумент за поставување на дијагнозата за македонските интелектуалци дава дел од нивниот проглас во кој се бара Макеоднија да се грижи за своите интереси како што тоа го прави Бугарија.

“Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување”. (пробајте уште еднаш да го прочитате ова, и ако не ви е јасно, значи дека со вас е се’ во најдобар ред)

И прочитајте ја уште еднаш целината на текстот/соопштението и пробајте да разберете што рекле овие доктори за демагогија & тафтологија. На овие да оставиш, спремни се вака да тераме следните 2 века, минимум. Несреќи едни, пиете редовно лекче и маните се “ќоравог посла”, пишува во јавната навреда до членовите на МАНУ и други професори и интелектуалци кои се потпишаа на ставот против заклучоците на комисијата со Бугарија.

Што порачаа луѓето што Јовановиќ ги прогласи за болни.

Најголемите македонски умови до најплатените македонски членови на комисија

Стотина врвни македонски научници до комисијата за историја: Препораките ви се ништовни, го прекршивте принципот на научност и етичност