Соочен со пропаст на партијата на власт што ја брани апологетот на СДСМ Бранко Тричковски во текст со наслов ,,Најубавите Македонци” јавно без аргументи наведува десетици луѓе.
Оваа ситуација не би била вредна за вест ако цел на најновите навреди на Бранко Тричковски покрај стандардните негови архинепријатели не навреди и десетина луѓе од помладата генерација македонски телевизиски новинари и водители кои ги нарекува ,,говњари”.
Обидот на Тричковски сопствената длабока лична несреќа да ја префрли на колеги новинари е трагичен но тој не запира со своето самоуништување пишувајќи мизерни квалификации за луѓе кои што воопшто не ги познава освен што ги гледа на телевизија.
Во постот тој зборува и за изгледот на Бранко Героски и Владимир Милчин.
,,На форбсовата листа на најубави личности во Северна Македонија, првото место и годинава му припадна на Кикифрики.
Ист број бодови има и Владе.
Тој има поубава насмевка, но во фрфљажта е за цел метар покус.
Нескршливиот и возвишен патриотизмот им ја облагородува физичката убавина
На трето место е Димче, брадесто кретенче кое изгледа речиси нормално кога го гледате во абтобус од страната на тротоарот.
Според тоа, веројатно би се пласирал на првото место, но фактот дека секогаш е сам во абтобусот, покажува дека неподносливо смрди, поради што никој не се сака да влезе во неговиот број.
Од четвртото до деветото место се пласирани водителките и водителите на емисиите Само вистина, Само интервју, Само будала, Само идиот и Само заспиј ако можеш.
Да и лепотанот од Само јади говна односно бурек.
Ако нема говна и бурекот е добар.
Па следат телевизиските говњари кои се издресирани да викаат “имаме ли гледач на линијата”.
Се сеќавате на контактните емисии во кои нацијата од рано утро, обезбедува директен контакт со највисоките сфери на глупоста, просташтвото и идиотлукот.
Ќе се согласите, драги пријатели, дека листата на Форбс покажува дека 2022 беше една убава година.
На сите пласирани им посакувам среќна нова година.
Ако продолжат да навиваат за вмро-дпмне можеби ќе станат уште поубави”, пишува Тричковски мислејќи дека со навреди кон колегите ќе ја намали својата несреќа.





