Реторичко прашање на еден од најголемите апологети на власта Ненад Јовановиќ кого го “чешкало носето” поради сомнежот за тоа кој стои зад пожарите.
Во својот пост тој дава неколку опции меѓу кои и Господ Бог и Зоран Заев.
Зошто Јовановиќ го споменува Заев како можен пироман не е најјасно од постот.

“Sвонко Томески, заменик командирот на противпожарната единица од Скопје, вели дека Охис е безбеден, но исто така вели дека во кругот на фабриката има горење на три независни места.
Нешто ме чешка носето. Почнувам сериозно да се сомневам кој би можел тоа да пали… кој би можел, имате некоја идеја. Господ, сонцето, ветарот, Заев… друг?”, пишува Јовановиќ на Фејсбук.
На ТВ дебата Јовановиќ призна дека неговата сопруга е вработена во државна компанија откако тој интервенирал во СДСМ во Кавадарци.






