Апологет на СДСМ им се заканил со Црна листа на илјадници Македонци и шетал како паун

Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ, во два статуси, ги коментирал информациите од САД, за ставање на црна листа на сите оние кои се против Преспанскиот и Охридскиот договор и работата против стабилноста на регионот.



Јовановиќ кој важи за еден од најголемите апологети на Зоран Заев а чија сопруга била вработена во државна фирма по негово барање од локалниот огранок на СДСМ во Кавадарци најавува дека на црната листа на Бајден ќе се најдат огромен број луѓе кои го критикувале него.

Анализа на коментарите на неговите јавни настапи и коментари на ТВ и на социјалните мрежи покажува дека на таа листа можат да се најдат илјадници луѓе.

“Како велат мрчаторите: “не гледаме ништо спорно во критикување на договорот од Преспа”. Па уште велат, “САД е демократска земја, дозволува критика”.

Пазете, велат – САД дозволува критика!? Кретени, не се работи за критика, туку се работи за тоа дека го подриваат мирот, ги туркаат луѓето во конфликти и националистички фантазми во кои соседите се перцепираат како душмани.

Од друга страна, критиката е светска работа, нужна, критиката создава смисла, само што денешната опозиција не е критична, туку девијантна, Орбанова, и на крајот проруска. На паметниот доста.

Да ги барам линковите кога велам “кој го подрива Преспа договорот свесно или несвесно го загрозува мирот и го продлабочува национализмот”?

Да барам телевизиски дуели кајшто го бранам Преспа договорот, зборувам да бидеме меки кон Бугарите, да не ствараме кинески sидови меѓу соседите?

Да барам датуми кајшто пред жив Ристо Никовски и Клетников, пред цел аудиториум барам промена на име и решавање на спорот со Грција?

А тие што жолчно ме плукаа изминативе 365 дена за се’, да им порачам дека ќе бидат на ЦРНА листа. А вујко не ми е Бајден, ами вујко ми е вујко Бас, па во таа смисла на сите хејтери им порачувам да го повлечат Црвениот бан.

Црвен бан е друго име за Црната листа на САД. За сите националисти, шовинисти и манијаци, Америте им праќаат Црвен бан. Што значи тоа не знам, ама ништо добро не значи. Денес ќе се движам гордо како паун. Фала и пријатно”, пишува Јовановиќ пренесува сајтот секојден.нет