Екстремен топлотен бран кој веќе ги урна рекордите на температурата низ југозападниот дел на САД, се заканува да ги турне енергетските системи поради зголемена потрошувачка што ја прават климатизерите. Калифорниските оператори на електрична мрежа бараат од сопствениците на куќи ширум државата да штедат енергија доцна попладне и навечер кога има зголемена потрошувачка.
Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за екстремни горештини во пет држави – Калифорнија, Невада, Јута, Аризона и делови од Колорадо – предупредувајќи дека температурите што се искачуваат над 50 степени Целзиусови може да бидат опасни.







