Апликацијата на СДСМ стигна во ОБСЕ/ОДИХР

Тим на претседателскиот кандидат, Гордана Сиљановска, денеска се сретнаа со меѓународните набљудувачи од мисијата ОБСЕ/ОДИХР, за да ги информираат за деталите околу апликацијата на СДСМ, за која тврдат дека била создадена за да собира лични податоци за граѓаните.



Велат дека, замената на единствениот матичен број на граѓаните на изборната апликација на СДСМ, ги потврдува нивните сомнежи.

Од тимот на Сиљановска се сомневаат дека дел од хард дисковите се веќе избришани или променети, пренесе „Телма“.

Премиерот вчера потврди дека постои таква апликација, но според него тоа е всушност современа база на податоци за  избирачкиот список на партијата.

Денеска истото го изјави и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

За случајот вчера отвори предмет и Јавното обвинителство.