АПИС и АСОМ најавуваат протести ако се изгласаат предлог измените на законот за игри на среќа

Асоцијацијата на спортски обложовалници заедно со асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа придружувани од дел на вработените од пред собранието каде на дневен ред е и предлог законското решение за игри на среќа упатија проака до избраниците да кажат НЕ за предлог кој би значел ликвидирање на легалната индустрија и со тоа да овозможат коцкање на црно. 



Пратеничката група од ВМРО-ДМПНЕ побара повлекување на овој предлог закон за игри на среќа. Миле Лефков вели дека законското решение го има пишувано вицепремиер кој претходно се обидел да протне формирање паралелна државна видеолотарија.  

Од движењето Антикоцкање остануваат на ставот дека мора нешто да се преземе против големиот број на објекти за коцкање. Тие им препорачуваат на пратениците што бараат повлекување да го преиспитаат нивниот став и да не користат двоен речник со што се нарушува нашата интелигенција истакна мегу другото Џемал Абдиу за ТВ 24. 

Предлог измените предвидуваат просториите во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени од училиштата не помалку од 500 метри. Меѓу целите на предложените измени, од Владата претходно ја посочија и потребата од зајакнување на доказите потребни за издавање лиценци, како и прецизирање на тоа дека едно трговско друштво со една лиценца приредува еден вид игра на среќа.

Исто така, се предвидува и зголемување на надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа.