Апелациониот суд ќе ја пријави обвинителката Вилма Русковска во МВР за заканувачката СМС што ја испратила до еден од судиите откако вчера беше донесена одлука да биде пуштена во домашен притвор екс-шефицта на СЈО, Катица Јанева.



СакамДаКажам, дознава дека за утринава веќе бил закажан колегиум каде ќе се договори содржината на пријавата до МВР против Русковска кон тројцата апелациони судии кои ја донеле одлуката за Јанева, со принтскрин од смс пораката, која содржела и недолични зборови.

Изворите од Скопска апелација за порталот тврдат дека „ова е преседан обвинител, кој по дефиниција е странка во постапката, да се заканува на судии и тоа со зборови недолични за функцијата.

За заканата на Русковска дека ќе отвори финансиска истрага, извори од АСпелација за СДК велат:

„Место зборови и клевети, треба дела. Секако, ако Русковска навистина има докази. Одлуката е согласно законот, долго е размислувана претходно и обвинитекот ако е незадоволна странка, може да се жали пред повисокиот суд“.