Апелацискиот суд во Скопје ја одби жалбата на Основното јавно обвинителство за ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“ каде актуелниот премиер Зоран Заев беше обвинет, како градоначалник на Струмица барал поткуп од 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.
„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје“.
Обвинителката Валентина Бислимовска во завршниот збор направи измена на обвинението и предложи, наместо за примање поткуп, за што беше предвидена казна затвор над пет години, премиерот да биде гонет за обидот да земе поткуп како градоначалник на Струмица.
Заев пред судот и медиумите рече дека станува збор за местенка од претходната власт со цел негова политичка дискредитација и објасни дека е среќен што ја докажал неговата невиност пред судот.






