Со правосилна пресуда на Апелацискиот суд Скопје за случајот „Транспортер“, на екс-градоначалникот на Битоила Владимир Талески му се одредува затворска казна од 7 години, односно намалување за една година на првичната пресуда.



Од шест, на пет години и шест месеци затвор е намалена казната и на поранешниот секретар на Општина Битола, Слободан Бончановски.

Предметот „Транспортер“ се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола и со првостепената пресуда поранешниот битолски градоначалник доби осум години затвор.

На другите обвинети во истиот предмет – Ј.И., С.М., А.Ш., Д.Г., А.С., О.С.,Р.Ј., Н.Д., Џ.М. – за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување им е изречена алтернативна мерка – условна казна затвор во траење од по 2 години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши, ако обвинетите во временски период од 5 години по правосилноста на пресудата, не сторат ново кривично дело“, соопшти Судот.