Чесите се меѓу најголемите потрошувачи на пиво во светот и локалните пивари ги повикуваат да се „активираат“ и покрај кризата со коронавирус.
Стотици мали пиварници во земјата се соочуваат со мрачна иднина откако баровите и рестораните во Чешка беа затворени кон средината на март, објави Еуроњус.
Поради ова над сто пиварници останаа без клиенти и приходите, а повеќето од нив имаат пиво на кое брзо ќе му помине рокот.
Тие преку специјално креирана страна, ги повикуваат Чесите да купуваат пиво на Интернет и да им овозможат на малите пивари остварлив приход.
Речиси 170 пиварници од истокот на земјата се запишале на страницата „ЗахранПиво“, или „Зачувај го пивото“, преку која се прави да го продадат складираното пиво пред да пропаднат .
Заклучно со 31 март, во залихите имало 5.970.750 шишиња пиво во залиха на 169 мали пиварници кои „чекаат да бидат спасени“.





